Советниците од СДСМ бараат вонредна седница за загадување на воздухот

29

Советничката група на СДСМ, поддржана од колегите од ЛДП и ДОМ бараат вонредна седница до Советот на Град Скопје за загадувањето на воздухот во главниот град.

Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје истакна дека имајќи ја предвид итноста на ситуацијата, претседателот на Советот, Трајко Славевски да ја прифати иницијативата и да ја закаже седница што побрзо.

Вели дека имаат дополнителни предлог мерки кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и за  кои смета дека треба што побрзо да се усвојат.

– Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување), подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни, како и безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност – потенцира Шутаров.