Димитриевски: Нашата иницијатива ќе извојува убедлива победа на следните избори

67

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идеен творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, потенцираше дека кога и да се случат следните парламентарни избори, ова здружение ќе издвојува убедлива победа.

– Кога и да се изборите, иницијативата „За наше Куманово“ дотогаш ќе се трансформира во државна иницијатива, дали таа ќе се вика за наша Македонија, за подобра држава или како било, ќе биде граѓанска иницијатива од граѓаните за граѓаните и ќе учествува на избори без разлика дали ќе има своја официјална регистрација како субјект или со обезбедување потписи од граѓаните, а на следните парламентарни избори, кога и да се случат, ќе извојува убедлива победа. Ве уверувам дека тоа ќе се случи на државно ниво. Зошто? Затоа што, конечно, по 30 години во независна држава е дојдено времето на граѓанинот – рече Димитриевски.

Тој истакна дека здружението не застанува и продолжува уште поинтензивно во цела Македонија.

– Од Куманово отидовме во Прилеп, од Прилеп отидовме во Крушево, од Крушево отидовме во Тетово, од Тетово сега ќе одиме во Кочани, од Кочани ќе одиме во Штип, од Штип ќе одиме во Гевгелија и така ќе ја поминеме цела Македонија. Ќе создадеме вакви здруженија на граѓани, значи не политички партии, затоа што граѓаните се уморни од политиката и политичката поделеност. Нашето општество е поделено во целост по политички основ. Потребна е нова политичка сила која ќе излезе од граѓаните и за граѓаните, да ги седне сите на иста маса – посочува Димитриевски.