Русија може да предложи „корејска опција“ за прекин на огнот што предвидува поделба на Украина, изјави Олексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.
„Сега ни нудат корејска опција. Таканаречената условна „38. паралела”. Овде се такви Украинци, а овде не се такви Украинци. Русите сега се ќе измислат. Сигурно знам дека една од опциите што можат да ни ја понудат е 38-та паралела“, изјави Данилов, пренесува Укринформ.
Данилов тврди дека заменик-шефот на администрацијата на претседателот на Русија Дмитриј Козак се среќава со поранешни европски политичари и преку нив испраќа пораки.