Мечот во кој Детроит Пистонс го победи Орландо (121:101) го одбележа тепачка меѓу кошаркарите.

На крајот од втората четвртина во главна беа Мориц Вагнер, кој прво го турна Килијан Хејнс, а останатите набрзо го нападнаа.

Настана голема гужва, туркање, а Хејнс одговори удирајќи го Вагнер одзади во главата. Вагнер прво падна како покосен, за момент се чинеше како да изгуби свест, додека беше во прегратките на луѓето од стручниот штаб на Детроит.

Ситуацијата набрзо се смири, а натпреварот продолжи.

Инаку, најдобри за Детроит беа Буркс со 32 поени и Беј со 28 коша, додека на спротивната страна се истакнаа Франц Вагнер со 19 поени и шест скока, Картер со 16 поени и осум скока и Банкеро со 15 поени и пет скока.