За следната година, 19 милиони евра за поддршка за граѓаните и конкурентност на компаниите

40

За следанта година имаме буџет со специфична задача, справување со кризата, но и за економско заздравување. Тој треба да обезбеди сигурност, стабилост и збарзан економски раст. Со буџетот за 2023 година предвидени се мерки за поддршка на граѓаните, но и основа за понатамошен развој. За следната година, Министерството за економија добива 19 милиони евра за поддршка за граѓаните и конкурентност на компаниите, истакна премиерот Димитар Ковачевски при презентација на буџетот за следната година.

– Во оваа тешка криза, најважно е да го задржиме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. За наредната година поддршката на граѓаните и компаниите за енергетска ефиканост е зголемена за три пати, 3,2 милиони евра, и следна година ќе ги субвенционираме сметките за струја за оние со најниски примања. Во 2023 година ќе има поддршка за фотонапонски панели, сончеви колекторски системи, но и замена на старите прозорци, за заштедата во криза. Планирана е и нова мерка за поддршка на замена на приклучоците на гас. Акцент е ставена на диверзификација на изворите на енергија, за следната година предвиднеи се 3,3 милиони евра, за реализација на интерконектор кон Грција, Ковосо, Србија, како и за поддршка на инвестицијата во Александрополи што ќе овозможи намалени трошоци за компаниите – посочи Ковачевски.

Премиерот додаде дека за поддршка на туризмот планирани се финансии од 385 милиони евара.

– На крај на тешка година, исполнета со многу предизвици, дали ќе има храна, струја,… дали ќе стигнат навреме пензиите, платите… Донесовме навремени таргетирани мерки и успеавме да ја заштиме екномијата, да им се заблагодрам на сите министри кои се вложија максимално да им помогнеме на граѓаните… Имаме резултат, храна, енергија, навремена испалта на плати, пензии, социјална помоѓш и поголеми од лани.. Тоа е моја задача и на цела Влада, да обезбедиме навремено фукционирање на државните обврски – потенцира Ковачевски.