„Русија не сака преговори, Путин да се врати во реалноста“

51
EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак го повика рускиот претседател Владимир Путин „да се врати во реалноста“ и оцени дека Москва не сака преговори, туку се обидува да избегне одговорност.

Подољак, откако Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара со сите учесници во процесот во Украина за прифатливи резултати, на Твитер изјави дека „Русија сама ја нападна Украина и ги убива нејзините граѓани“.

„Русија не сака преговори, туку се обидува да ја избегне одговорноста“, тврди Подољак.