Шпанскиот актер Антонио Бандерас доживеа срцев удар во 2017 година, а денес вели дека од тоа извлекол неколку позитивни заклучоци. Тој настан му помогнал да го види својот живот од поинаков агол.
„Сфатив дека тоа е веројатно една од најдобрите работи што ми се случиле, бидејќи одеднаш сè стана неважно и она што ме загрижуваше секој ден стана бесмислено. Си помислив: „Зошто си ја удирам главата кога ќе умрам?“, изјави Бандерас за Page Six.
Конечно, почнав да се „оградувам“ од работите за кои „порано мислев дека се важни, но не се“, изјави холивудскиот актер.
Тој тврди дека сега знае дека семејството, пријателите и неговиот „актерски повик“ се многу поважни.
Во тоа време животот му го спасила неговата долгогодишна партнерка Никол Кимпел, изјави Бандерас во едно интервју. Таа брзо дејствувала и му дала аспирин, а тој не претрпел долгорочно оштетување од срцевиот удар.
Во интервју за Vulture, Антонио Бандерас неодамна изјави дека неговата поранешна сопруга Мелани Грифит се уште е негова најдобра пријателка и дека нема ништо друго освен пофални зборови за неа.
„Не сум во брак со Мелани, но таа сепак е мое семејство. Можам слободно да кажам дека таа е мојата најдобра пријателка. Тие се уште се моето семејство – Дакота, Стела и Александар“, изјави актерот.
Антонио Бандерас и Мелани Грифит се запознале на снимањето на комедијата Two Much и веднаш почнале да излегуваат. По само неколку недели решиле да се венчаат и истата година ја добиле ќерката Стела. Во претходните бракови актерката ја имаше ќерката Дакота Џонсон и синот Александар Бауер, а Бандерас ги прифати како свои деца. Мелани и Антонио беа во брак 19 години.