На почетокот на следната година Русија ќе активира сајт наречен „Знание Ноулиџ “, што ќе биде еквивалент на Википедија, изјави во вторник рускиот министер за дигитален развој Максут Шадаев.
„Нашата главна задача е да отвориме сопствен портал, кој е ажуриран според податоците на Големата руска енциклопедија, а лансирањето е планирано за почетокот на следната година“, рече Шадаев.
На почетокот на годинава синџирот ресторани за брза храна Мекдоналдс ја напушти Русија поради нападот на Украина, а рускиот бизнисмен кој ги купи рестораните од Мекдоналдс отвори синџир наречен „Вкусно и точка“, кој е руската верзија на Мекдоналдс.