Во неделата заврши Светското фудбалско првенство во Катар, па почнаа да кружат бројни скандали во медиумите. Аргентина и Лионел Меси се новите владетели во светот, а по победата над Франција во финалето, излегоа неколку шокантни видеа од прославата на фудбалерите.
И кога сите помисливме дека ќе завршат глупостите, ни доаѓа нов шок од Данска. Имено, новинарот на данската „ТВ 2“, Кристијан Хег Андерсен, во програма во живо ги спореди фудбалерите на Мароко со мајмуни. Поради ова, настана бура од реакции, поради што беше принуден да се извини за својот срамен расистички испад.
Данскиот новинар зеде слика од семејство мајмуни како се гушкаат и ја спореди со моментот кога ги гушкаат мароканските фудбалери своите мајки, по победите во Катар!
- Водителот на „ТВ 2“, Кристијан Хејг Андерсен, направи паралела помеѓу семејното заедништво и животните. Ова ненамерно стана споредба меѓу репрезентацијата на Мароко и семејствата на нејзините играчи со слика на семејство мајмуни што водителот Сорен Липерт ја користеше во следниот сегмент од емисијата. Ова може да се сфати како расистичка шега и „ТВ 2“ и водителите се извинуваат за тоа – гласеше прилично срамното извинување од данската ТВ-куќа.
Во Мароко, никој не беше шокиран од ова и од ваквото етикетирање на Африканците од „бела“ Европа.
- Воопшто не сум шокиран што има толку расизам во европските медиуми кога се мароканските фудбалери во прашање. Она што ме изненади е како може да не ја почитуваат светата врска меѓу фудбалерите и нивните мајки. Се чини дека со мајмуните сакаат да покажат дека ние, Африканците, сме примитивни – вели Аомар Бум, антрополог од Мароко.