Почна изградбата на нов далновод во Овчеполието

69

Во близина на локалниот пат кон село Мамутчево, во близина на експресниот пат Велес-Штип, вчера беше поставен камен-темелник за изградба на далновод.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на започнување на изградбата на новиот далновод во Овче Поле, истакна дека се работи за особено важна инвестиција и дека овој 110 киловолтен далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица во Овче Поле во вредност од 3,2 милиони евра.

-Со овој далновод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија во кои забрзано се инвестира во изминатиот период, истакна Ковачевски.

Директорот на МЕПСО, Орхан Муртазани, рече дека ова е неопходната инфраструктура што ќе обезбеди не само сигурност и стабилност во снабдувањето со електричната енергија на жителите и стопанството во Светиниколскиот регион, туку и ќе даде можност за приклучување на нови корисници во преносната мрежа и интеграција на нови обновливи извори на енергија.

Ова, како што, потенцира е капитален инфраструктурен проект, а далноводот што ќе се гради е на постојната траса, изграден пред 62 години.