Ќерката на Синиша Михајловиќ со емотивна порака се збогува од својот татко/ФОТО

254

Прославениот фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ, вчера почина на 53-годишна возраст откако ја загуби битката со леукемијата.

Фудбалскиот свет се збогува од Михајловиќ, а емотивните пораки од неговата сопруга Аријана и од ќерката Вирџинија ги расплакаа фановите. Вирџинија сподели фотографии со својот татко од детството, но и од тешкиот период на борба со болеста.

„Тешко е тато, многу е тешко. Во вакви моменти секогаш ми треба прегратка, но не од било кого, туку од тебе. Не можам да го прифатам ова, но ќе морам. Никогаш нема да се разделиме, иако нема да бидеш покрај мене“, напиша Вирџинија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia Mihajlović (@virgimih)