Им „преседнаа“ празниците на Британците: Трошоците за ноќните забави растат

56

Трошоците за едно ноќно излегување во Велика Британија продолжија да растат, иако основната инфлација се забави. Поскапувањата во пабовите се најголеми кога станува збор за виски, вино и џин. Годишната стапка на вкупна инфлација забави на 10,7 отсто во декември, од 11,1 отсто во ноември, но тоа не се однесуваше на угостителството, така што тоа е лоша вест за празничната сезона, објави Sky News.

Канцеларијата за национална статистика (ONS) соопшти дека падот на цените на горивото довел до намалување на растот на потрошувачките цени. Сепак, цените за домување се зголемија за 5,4 отсто на годишно ниво во ноември, што е најголем скок од 1993 година, предупреди ONS.

Британските статистичари наведуваат дека порастот на цената на алкохолот во рестораните, кафулињата и хотелите во голема мера придонел за инфлација.

Најмногу поскапеа вискито, виното и џинот

Особено се истакнаа цените на вискито, виното и џинот. Така, една чаша вино, која чинела 4,03 фунти, во 2021 година, скокнала за 10,2 отсто на 4,44 фунти за една година. Чаша виски поскапе за 9,5 отсто, од 3,05 фунти, на 3,34.

Благ пораст на ценовниот скок е забележан и кај храната и безалкохолните пијалаци – во ноември годишната инфлација во таа категорија изнесуваше 16,4 отсто, а во декември 16,5 отсто.

Младите нема да одат на забави

Британските медиуми ги цитираат резултатите од истражувањето меѓу млади вработени меѓу 18 и 30 години, во кое петтина изјавиле дека нема или се уште не одлучиле да присуствуваат на празничните прослави во нивните компании, а 11 отсто од вкупниот број на испитаници како причина за ова го наведе зголемувањето на цените. 17 отсто од испитаниците стравуваат дека нема да можат да платат такси на враќање од прославата, а 14 отсто велат дека не можат да си дозволат да купат подароци за колегите. Друго истражување на кое се повикува „Скај њуз“ покажува дека само 10 отсто од вработените сакаат нивната компанија да организира празнична прослава.