Сега веќе поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, откри дека е многу разочаран од еден фудбалер кој добил шанса да биде дел од Мундијалот во Катар.
- Од 26. фудбалери што ги одведов на Светското првенство, би изоставил еден, би земал друг на неговото место. Можам да го кажам ова сега, но нема да кажам кого би избришал или кого би земал на неговото место. Постои еден играч кој не ми се допадна поради она што го видов, изјави Енрике.