Вечерва рафали кај Звечани и детонации во Косовска Митровица – граѓаните се собираат на барикадите

    1124
    EPA-EFE/STR

    Ситуацијата во Косово се заострува, а тензијата расте од час во час. Северот на Косово се уште е блокиран од граѓаните и полицијата. На премините Јариње и Брњак не можете да се помине ниту пешки, ниту со автомобил. Според последните информации пукотници се слушнале во Рудар кај Звечани!

    Граѓаните се собираат во голем број, а српските медиуми јавуваат дека, наводно, детонации се слушнале и во Косовска Митровица. Околу 21 часот се слушна рафал од правец на Звечани, што предизвика дополнителен страв кај жителите на оваа општина, која се наоѓа на северот на Косово. Поради актуелната состојба на северот на Косово, основните и средните училишта, кои работат во системот на Република Србија, од утре нема да работат, дознава „Косово онлајн“.

    Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска одржа итен состанок на Советот за национална безбедност. Потоа, тој и се обрати на нацијата и рече дека ги дал најважните наредби и дека Србите на Косово нема да потпаѓаат на провокациите на албанската страна.trane.