Рама го поздрави соопштението на амбасадите на САД во Белград и Приштина

238
Албанскиот премиер Еди Рама вечерва, по вторпат реагираше околу состојбата на северот на Косово, овој пат по заедничкото соопштение на амбасадите на САД во Белград и Приштина.
 Тој го поздрави заедничкото соопштение со кое амбасадите побараа итно отстранување на блокадите на патиштата на север и „запирање на заплашувањата и заканите со насилство“.
– Потполно се согласувам.  Силно и јасно за сите што сакаат да слушнат, напиша Рама  во  реакцијата.
Вечерва реагираше и поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.
Тој ги повикува правосудните институции што поскоро да ги изведат виновници пред лицето на правдата и да се избегне каква било провокација или ескалација на ситуацијата.
– Со најголема сериозност ги осудувам неприфатливите акти на насилство и вооружени напади врз косовската полиција и меѓународниот персонал на северот на Република Косово и ги повикувам правосудните институции што поскоро да ги изведат нивните сторители пред лицето на правдата, напиша Мета.
Апелира да се избегне каква било провокација или ескалација на ситуацијата.
– Силно апелирам на неопходноста од избегнување на каква било провокација, а особено ескалација на каква било форма на тензија која ја поткопува безбедноста на Косово и која ги загрозува мирот и стабилноста во нашиот регион, апелира Мета.