Без вода неколку скопски улици и селата Батинци и Лубош

33

Поради дефект на водоводна мрежа на улица „Кузман Шапкарев“, број 3б, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улиците: „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“, „Борис Серафов“, „Жеденска“, „Смилевска“ и „Црногорска“.

Водоснабдувањето, како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“,  ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување на дефектот.

Поради  дефект на улива „7“, број 242 во село Батинци, без вода денеска од  09:00 часот  до завршување на дефектот ќе бидат и корисниците од селата Батинци и Лубош.