Претседателот на Здружение на пензионери, Благе Јакимовски, рече дека е задоволство да се организира ваква манифестација која е добро прифатена кај повозрасната популација.
Зоран Бојковски, претседател на Здружение на дијабетичари рече дека ваква манифестација ги обединува различните генерации од градот. Манифестацијата има и хуманитарен карактер, а за идната година се планира да биде со натпреварувачки карактер.
Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски рече дека е добра иницијативата за организирање на ваква манифестација која потекнала од кумановските пензионери.
– Манифестацијата ќе биде традиционална, очекувавме интерес, но не во овој значителен број, рече Димитриевски.
На манифестацијата присуствуваа пензионери од повеќе градови од земјава.