Вториот ден од Светското првенство во Катар сигурно ќе помине во знакот на големиот фаворит за победничкиот трофеј, реорезентацијата на Англија. „Гордиот Албион“ денеска ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога во премиерниот натпревар од групната фаза во кој за противник ќе ја има селекцијата на Иран. Англија, на хратија, го има најскапиот тим во Доха и се освен победа против Иранците, а потоа и пласман во 1/8 финалната рунда, ќе биде дефинирано како голема сензација. Предводникот на „Трите лава“, Герет Саутгејт, сигурно ќе нападне со бомбардерот на Тотенхем, Хари Кејн, а очите на фудбалската јавност сигурно ќе бидат насочени кон младиот играч за врска, Џуд Белигам, кој е желба на сите европски гиганти.
- Зошто да збориме за критиките кои се насочени кон нашиот селектор. Доволно е да се види што сме направиле на последните големи натпреварувања. Луѓето пребрзо го менуваат мислењето и бурно реагираат. Мора да се сетите каде беше Англија претходно. Игравме полуфинале на СП 2018 и загубивме во финалниот натпревар од ЕП 2020. Саутгејт со Англија направи големи работи, а неговите успеси мора да се земат здраво за готово. Во двете ситуации деталите го одлучија противникот, малку фалеше истите да завршат на нашата страна, изјави играчот за врска на Англија, Ерик Даер.
Денеска, за првпат зелениот терен во Катар ќе го почуствуваат и репрезентативците на Холандија кои за противник ќе го имаат последниот освојуваш на Купот на Африка, селекцијата на Сенегал. „Лалињата“ и пред почетокот на натпреварот важеа за големи фаворити, а таквата нивна улога доби уште повеќе на значење поради неиграњето на најдобриот фудбалер на Сенегал, Садио Мане, кој поради повреда го пропушта СП 2022.
Вечерниот термин е резервиран за вториот натпревар од групата „Б“, дуелот помеѓу репрезентациите на САД и Велс. Тука се очекува голема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж, а фудбалските стручњаци се убедени дека резултатот во голема мера зависи од играта и ефектот на најдобриот фудбалер на Велс, Герет Бејл, од една страна, а од другата страна тоа ќе биде играчот на Челзи, Кристијан Пулишиќ.
Денеска на програмата: ГРУПА А: Холандија – Сенегал (17:00 ч.). ГРУПА Б: Англија – Иран (14:00 ч.), САД – Велс (20:00 ч.).