Нема сомнеж дека здравата исхрана го подобрува вашиот имунитет. Она што го внесувате во вашето тело е важно за вашето целокупно здравје, вклучувајќи го и вашиот имунолошки систем. Бидејќи вашиот имунолошки систем е одбрана на вашето тело од напаѓачите како грип, се исплати добро да го храните

Марија СОКОЛОСКА

Сезоната на вируси започнува и ни треба навистина добра, здрава, избалансирана исхрана што ќе се бори против сите тие вируси и бактерии. Дали здравата храна може да помогне кога сте болни?

Ниту една храна не е магичен лек кога сте болни, но здравата храна го зајакнува имунолошкиот систем, што, пак, може да спречи болести и да помогне да се закрепне побрзо.

Нема сомнеж дека здравата храна го подобрува вашиот имунитет. Она што го внесувате во вашето тело е важно за вашето целокупно здравје, вклучувајќи го и вашиот имунолошки систем.

Бидејќи вашиот имунолошки систем е одбрана на вашето тело од напаѓачите како грип, се исплати добро да го храните. Еве една добра причина. Најдобрата храна за зајакнување на имунитетот е достапна и во самопослуга, и не е потребна екстремна диета.

Денес ќе одвојам неколку продукти што ќе ни го подобрат имунолошкиот систем.

 

Десет намирници за зајакнување на имунолошкиот систем

Јадењето храна богата со протеини може да ги зголеми белите крвни зрнца со цел да го поддржи имунитетот.

Еден од најдобрите начини да останете здрави е со избирање низа намирници за зајакнување на имунолошкиот систем. Јадењето здрава храна богата со антиоксиданси, како овошје и зеленчук, е важен дел од одржувањето на добриот имунолошки систем и спречувањето инфекции и болести.

Белите крвни зрнца се клучен дел од имунолошкиот систем. Овие борци против болестите циркулираат низ телото за да се борат против бактериите и вирусите, работејќи на нивно забавување или запирање. Проверете дали вашиот имунолошки систем има доволно бели крвни зрнца за да ја заврши својата работа.

Иако ниту една храна не е специфична и најдобра за оптимална функција на имунолошкиот систем, сепак одредени намирници се проучувани поради нивните потенцијални позитивни ефекти, вклучително и зголемувањето на белите крвни зрнца и борбата против воспаленијата.

Риба

Омега-3 масните киселини и другите здрави масти помагаат да се зголеми активноста на белите крвни зрнца. Постојат неколку различни видови омега 3. Мрсната риба содржи докосахексаеноична киселина (DHA) и еикозапентаеноична киселина (EPA). Одредени јаткасти плодови и растителни масла содржат алфалиноленска киселина (АЛА), која може да се добие само преку храната. Телото може да го претвори ALA во EPA и DHA, но поефикасно е да ги внесувате во вашата исхрана.

Омега-3 може да игра важна улога во производството на соединенија што го регулираат имунитетот во телото и помагаат да се заштити телото од оштетување од прекумерна реакција на инфекции.

Најдобар начин да ги добиете омега 3-масните киселини DHA и EPA е со јадење мрсна риба како туна, лосос и скуша. Овие омега-3 може да ги добиете и преку капсули со крил масло или додатоци од алги (што е вегански извор). Другите извори на омега-3 масната киселина АЛА вклучуваат ленено семе, ленено масло, чиа семе, семе од коноп и ореви.

 

Јогурт

При изборот на јогурт, изберете го оној во кој најмногу уживате. Важно е да се избере оној што користи живи и активни култури. Ако се одлучите за обичен јогурт и додадете овошје, зачини и малку од омилениот засладувач, ќе имате појадок  со понизок шеќер, кој, исто така, е полн со калциум.

Истражувањата покажаа дека живите култури во јогуртот може да го заштитат цревниот тракт од гастроинтестинални заболувања и да ја зголемат отпорноста на болести поврзани со имунолошкиот систем, како што се инфекциите, па дури и ракот.

Корисните живи култури во јогуртот, како што е lactobacillus acidophilus, може да помогнат во спречувањето на настинките и на другите инфекции или да го скратат нивното времетраење, иако се потребни повеќе истражувања. Јогуртот, исто така, може да биде добар извор на протеини, кои телото ги користи за создавање бели крвни зрнца.

Ставете малку обичен јогурт во сад со бобинки и прелијте го со мед за моќна ужина што го зајакнува имунолошкиот систем. Додајте обичен јогурт во смути, користете обичен јогурт наместо кисела павлака.

„Посно“ месо

Храната богата со протеини, како што е „посното“ месо, е богата со цинк, минерал што ги зголемува белите крвни зрнца и Т-клетките, кои се борат против инфекциите. Други одлични извори на цинк се остригите, јаткастите плодови, збогатените житарки и гравот.

 

Каротеноидите како што е бета-каротинот се важни антиоксиданси што помагаат за имунолошкиот систем. Каротеноидите се присутни во светложолтите, портокаловите и црвените овошје и зеленчук, иако тие, исто така, може да се најдат и во овошјето и во зеленчукот, кои се претежно зелени.

Важно е да се користат разновидни овошје и зеленчук со различни бои, бидејќи се смета дека различните видови каротеноиди дејствуваат заедно за да го зајакнат имунолошкиот систем.

 

Бобинки

Бобинките се богати со витамин Ц и со биофлавоноиди, фитохемикалии што се наоѓаат во овошјето и во зеленчукот и може да дејствуваат како антиоксиданси и да спречат повреди на клетките.

Една шолја бобинки содржи дури 100 милиграми витамин Ц, што е речиси колку една чаша сок од портокал. Темните бобинки како што се боровинките, се особено богати со биофлавоноиди. За оптимален ефект за зајакнување на имунолошкиот систем, јадете мешани бобинки или менувајте ги од ден на ден, наместо да јадете само еден вид.

 

Лук

Повеќето од клиничките студии направени за потенцијалните антибактериски и антивирусни својства на лукот користат концентрирани екстракти. Меѓутоа, историски, чешнињата лук се користеле во исхраната поради низа причини поврзани со здравјето. Екстрактите се користат и во кулинарството.

Печурки

Печурките може да бидат моќно оружје за заштита од настинки, грип и од други инфекции. Студиите за свежи и сушени печурки и екстракти покажаа дека тие имаат антивирусни, антибактериски и антитуморски ефекти.

 

Чоколадо

Еве неколку среќни вести за љубителите на чоколадото насекаде. Некои студии покажуваат дека какаото и екстрактите од него може позитивно да влијаат на различни аспекти на имунолошкиот систем и да дејствуваат како моќен антиоксиданс. Сè додека ги одржувате шеќерот и мастите на минимум, незасладеното какао и какаото во прав може да играат улога во имањето добар имунолошки систем.

Истражувањата покажаа дека редовното консумирање какао и екстракти може да го намали ризикот од срцеви заболувања, да помогне во подигнувањето на добриот холестерол и евентуално да го поништи оштетувањето на крвните садови кај луѓето со дијабетес.

Избегнувајте ги, односно намалете ги заситените масти

Заситените масти предизвикуваат воспаление, затоа намалете го внесувањето веднаш – пред да се разболите. Тие се наоѓаат во: печивата, колачите, полномасните млечни производи, вклучувајќи ги и кремот, сирењето, путерот, палминото масло, црвеното месо.

 

Избегнувајте ги трансмастите

Трансмастите се лоши за срцето и предизвикуваат воспаленија. Обидете се целосно да ги исфрлите од исхраната со тоа што нема да внесувате храна што содржи „делумно хидрогенизирани“ масла, дури и ако на етикетата пишува „нула грама трансмасти во порција“. Производителите на храна може да го тврдат ова ако производот има до 0,5 грама трансмасти во порција.

Многу производители на храна ги елиминираа трансмастите од своите производи, но некои пакувани јадења и печива, како што се бисквитите, колачињата, крекерите, крофните, маргаринот, корите за пита…, сè уште ги содржат.