Земјотрес од 5,1 степени по Рихтер го потресе југот на Италија

280

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди јужна Италија, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот бил на 103 километри југоисточно од градот Салерно. Земјотресот е регистриран на длабочина од околу 268 километри.

Бројни корисници на EMSC ги објавија своите сведоштва.

Целата зграда се тресеше неколку секунди. Бев во кревет и почувствував два силни потреси во рок од една минута, пишуваат жителите на областа погодена од земјотресот.

Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.