Украина е подготвена да остане гарант за светската прехранбена безбедност

243
Украина е одлучна да остане гарант за светската прехранбена безбедност и да продолжи со извозот на жито,изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на разговорот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
„Разговарав со генералниот секретар на ОН. Ја потврдив посветеноста на Украина на дововорот за житарките“, напиша Зеленски на Твитер.
Руската војсака соопшти малку претходно денес дека од Украина сака да се обврзе дека нема да го користи коридорот за извоз на жито во воени цели, по нападот на нејзината флота во црноморскиот полуостов Крим и прекинот на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа. Р
Руските власти соопштија во саботата дека се повлекуваат од договоорт, витален за снабдувањето со храна во светот, по нападот на црноморскиот полуостров Крим, кој Москва им ги припишува на Украина и Велика Британија.