Лицето осомничено за нападот на Пол, сопругот на спикерката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, носел пластичен конец и лепило кога упаднал во домот на Пелоси во Сан Франциско и имал список на луѓе службеници кои планирал да ги нападне, јави Фокс њуз, повикувајќи се на полициски извори.
Нападот се поврзува со упадот во Капитолот лани на 6 јануари.
Осомничениот за нападот, Дејвид Депапе, кој е задржан, водел екстремистички блог, и кога упаднал во домот извикувал „каде е Ненси“, истиот повик што на 6 јануари го употребуваа демонстрантите.
Со заканите упатени до високи државни службеници, членовите на Конгресот летоска беа повикани да донесат дополнителни безбедносни мерки. Тие добија по 10.000 долари за засилување на домашните алармни системи.
Нападот врз 82-годишниот сопруг на Пелоси се случува на помалку од две недели пред изборите на 8 ноември, на кои се одлучува за тоа кој ќе ја преземе контролата врз Претставничиот дом и врз Сенатот, со тенко мнозинство сега предводени од демократите, и укажува колку е токсична атмосферата во земјата во пресрет на изборите.
Сите републикански лидери го осудија нападот.