Вредни како секогаш!
Познатото македонско дуо „Силви бенд“ има нов, интересен спот. Станува збор за преработка на народната песна „Ја излези, стара мајко“, која сега е поткрпена со видеозапис. Се снимаше на неколку локации на охридското крајбрежје, а во спотот, освен Силви и Влатко, има и неколкумина статисти, но и десетина питоми коњи. Добар дел од спотот се снимаше, по некоја „случајност“, во куќата на Влатко Плевнеш. Во таа куќа, како што велат охриѓани, многу одамна живеела девојката за која се пее во оваа песна. „Силви бенд“ сега со нетрпение ја чека премиерата на спотот, а тоа ќе се случи преку сателитската ИН-ТВ, за публиката, но потоа и во Скопје – за новинарите. (Д.М.)