Соборен светски рекорд:Дијамант во боја достигна највисока продажна цена на аукција

100
Розов дијамант е продаден на 7 октомври во Хонг Конг за 49, 9 милиони долари, со што е поставен светски рекорд за највисока цена по карат за дијамант продаден на аукција.
Како што јавува АП, дијамантот Вилијамсон пинк стар од 11,15 карати е продаден на аукција во Стотеби, а првобитно беше проценет на 21 милион долари.
Вилијамсоновата розова ѕвезда го добила името по два легендарни розови дијаманти.
Првиот е дијамантот Вилијамсон од 23,60 карати кој е подарен на покојната британска кралица Елизабета Втора како свадбен подарок во 1947 година,а вториот дијамант, розова ѕвезда од 59,60 карати, кој на аукција во 2017 година беше продаден за рекордни 71,2 милиони долари.

Пинк стар е вториот по големина розов дијамант што се појавува на аукција.

Тој вид е меѓу ретките и највредните дијаманти во боја, пренесува Радио Слободна Европа.