Каталонскиот гигант Барселона важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на португалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон, Рубен Невеш. Челниците на Барса се убедени дека одличниот играч за врска може да биде идеален наследник на актуелниот капитен, Серхио Бускец, кој сигурно ќе си замине од „Ноу Камп“ на крајот од актуелната сезона и ќе се пресели во американската МЛС лига.