Макрон: Франција ќе и помогне на Украина да го врати територијалниот интегритет

86
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека Франција ќе и помогне на Украина да го врати својот територијален интегритет, пишува The Kyiv Independent.

Во телефонскиот разговор со Зеленски, Макрон ја осудил неодамнешната руска незаконска анексија на четири украински региони и рекол дека Франција ќе и помогне на Украина да го врати „целосниот суверенитет и територијален интегритет“.