Во Уметничката галерија во Куманово вечерва (20 часот), ќе биде отворена ретроспективно-монографската изложба на уметникот Крсто Славковски.
Славковски е автор на компактна, робусна и волуминозна, меланхолична, елегична и умилителна фигурација со распон од јадровит и рудиментарен до екстензивен, атрофирачко/анорексичен изглед во кој е втисната извесна болна чувствителност, мечтателност, таговност.
Иако автодидакт, поради уметничките вредности од 1972 година бил активен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и излагал на сите традиционални изложби, на изложбите „Зимски салон“, „Ситна пластика“…
Во рамките на ретроспективната изложба ќе биде објавена и книга за овој автор со шеесеттина колор репродукции и обемен текст од Гоце Божурски.