Кога си во Рим, однесувај се како Римјанин:Американски турист ужинал на раб од фонтана, па заработил казна од 450 евра

66

Во согласност со градските правила осмислени да се одржат „украсите“ на градот соочен со прекумерен туризам, едден американски турист во Рим е казнет со 450 евра затоа што јадел и пиел додека седел покрај фонтана, според

Педесет и пет годишен турист од САД ја избрал Фонтана дел Катекумени да се смести да ужина во саботата колку 1 часот наутро по локално време, изјави римската полиција.

Полицајците интервенирале откако мажот „имал намера да јаде на еден дел од фотантата“ што е спроитивно на правилата за заштиата на монументалните фонтами, соопшти полицијата на градот Рим.

Фонтаната ја изградил во 1588-89 година архитектот и вајар Џакомо дела Порта и е обновена во 1997 година. Заштитена е со правилата кои се прв пат воведени во 790тите години на 20.век заради заштита на историските фонтани, статуи и други споменици. Правилата се ажурирани со фокус на одржување на „еколошкото уредување“ на градот се на сила од 2019 година, пренесувса Си-Ен-Ен.

Локалната полиција во соопштението навела дека минатиот викенд извршила повеќе од 300 проверки, пр што уличните патроли ги спроведувале правилата, вклучитено со ограничувањата на јачината на музиката што се пушта во баровите.

Законите исто така вклучуваа забрана за улично пиење, организирање на пабови и капење во јавните фонтами. Полицајците од градот Рим, можат да изречат парични казни, па дури и да им забранат на луѓето да се движат во одредено подрачје до 48 часа. На оние што ќе го повторат престапот може да им биде забранет пристап до 60 дена.