Британка со шампањ ја прослави смртта на кралицата – полицијата ја спаси од разгневена толпа

133
Фото: Facebook

Британската кралица Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст, ја заслужи почитта на луѓето ширум светот. Меѓутоа, во текот на животот стекна и противници.

Една од нив, антимонархистката Жаки Пикет, беше нападната откако вчера отворено ја прослави смртта на кралицата на Фејсбук. Таа објави видео на социјалните мрежи надвор од нејзиниот ресторан на северот на Шкотска на кој се гледа како ја слави смртта на кралицата, по што беше нападната од соседите.

Таа отвори шампањ и танцуваше додека држеше знак на кој пишуваше „Гуштерката Лиз е мртва, Лондон Бриџ падна.“

Бесна толпа брзо се собра пред ресторанот и ја исвиркуваше и навредуваше Пикет.

Според извештаите, нејзиниот прозорец бил гаѓан со јајца, а полицијата била повикана да ја растера толпата. Пикет мораше да го затвори барот поради опасност за сопствената безбедност.

Пикет во меѓувреме го избриша видеото од Фејсбук, но тоа не ги спречи корисниците да покренат лавина лоши критики за нејзиниот ресторан и да го критикуваат нејзиниот однос кон кралицата.