Раст на БДП од 2,8% во второто тримесечје

43
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2022 година е 2.8 %.
Во второто тримесечје од 2022, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З- Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8.1 %, Ѕ – Информации и комуникации од 8.1 % и Њ, О и П- Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 7.9%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2022 година, номинално растеле за 14.7%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 68.6 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 27.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 34.9 %.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2022 година бележат најголемо покачување во делот на промената на залихите.