Целиот свет стравува поради фотографиите на кои се гледа како на покривот на кинескиот пазар во Вухан, кој се смета за извор на пандемијата со коронавирусот се појавиле животински трупови, што предизвикува сомнеж дека пазарот повторно е отворен.
Фотографиите ги сподели американскиот виролог д-р Ангела Расмусен. Фотографиите прикажуваат редови од одрани животни кои висат на решетките за сушење.
Any qualified zoologists up for a game of name that species?@josh__levy found this image of animal skins drying on the roof of the Huanan market.
This photo was taken in Dec 2021, a full year after the market closed and live animal trading was supposed to be banned. pic.twitter.com/PSSX0rwKwS
— Dr. Angela Rasmussen (@angie_rasmussen) August 30, 2022
„Што треба да направи меѓународната заедница за да ги убеди владите дека црните пазари треба да се контролираат? Знаеме дека скоро сите заразни болести кои им се закануваат на луѓето во последните години доаѓаат од животните“, рече Јанг.
Професорот Пол Хантер, експерт за заразни болести на Универзитетот во Источна Англија, рече дека е само прашање на време кога ќе се случи друга пандемија доколку таквата трговија продолжи во големите градови.
Инаку, на почетокот на јануари 2020 година кинеските власти го идентификуваа пазарот Хуанан како потенцијален извор на нова заразна болест и тој беше затворен. Истражувачите потоа собрале примероци од живина, змии, јазовци, џиновски саламандери, сијамски крокодили и други животни кои се продавале таму. Во потрага по предизвикувачкиот агенс, земале мостри и од кафези, тоалети, одводи и тезги.
Тимот научници предводени од Светската здравствена организација (СЗО) го посетија пазарот на 31 јануари 2021 година за да ја истражат неговата улога во пандемијата.
Во март 2021 година, кинеските научници објавија извештај кој покажува дека сите од скоро 200 примероци собрани од животни биле негативни, но дека околу 1.000 примероци земени од тезги и други делови на пазарот биле позитивни.
Сепак, 11 месеци по посетата на СЗО, се појавија фотографии на кои се гледа дека пазарот, иако е официјално затворен, сепак има изложени делови од животни.
Како што рече, вознемирувачките информации од Вухан доаѓаат неколку месеци откако три нови студии потврдија дека епицентарот на пандемијата на коронавирус навистина бил пазар во Вухан и дека САРС-КоВ-2 на заразени диви животни кои биле држени во кафезите ги заразилњ луѓето кои биле во нивна близина