Антикорупциска: Не смеат да се издаваат одобренија за градење во делот на Треска!

199

Одобренија за градба не треба да се издаваат во услови кога ДУП за Буњаковец 1 и 2, во кој е опфатен и делот кај фабриката „Треска“, е во спротивност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје.

Според претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, тоа е незаконски и во услови кога Јавното обвинителство води истрага за тој локалитет.

Таа смета дека тоа е многу ризично по оној што ќе ги издаде одобренијата за градба.

Воедно, Ивановска додава дека таму не смеат да започнат градежни работи сè додека не завршат двата предмета за фабриката „Треска“, кои се водат во Јавното обвинителство.

(А.П.)