Јавно ќе се објавуваат сите што нелегално депонираат отпад во Ѓорче

260

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски  најави дека се повеќе се размислува да се формираат страници на социјалните мрежи, каде секое лице кое ќе биде фатено како фрла отпад на несоодветно место и снимено како нелегално депонира отпад и ја загадува околината,  а со тоа го загрозува здравјето, јавно да биде објавено.

-Се прават консултации како тоа би се регулирало од правен аспект. До тогаш, би било добро секој од нас, секогаш кога ќе затече лице кое нелегално депонира отпад, да го сними, фотографира, да испрати податоци и да алармира, истакна Стојкоски“.

Ова е по реакциите на жители дека се создаваат диви депонии на територијата на општина Ѓорче Петров, но и откако по кој знае кој пат повторно е исчистена дивата депонија на последна 4-ка .

-Реакциите за расфрланиот отпад се оправдани. Но не и неодговорноста на поединци. Ова е локација која десетици пати е чистена. Но, по десетина дена, тука повторно е полно со отпад, најразновиден, или просто кажано: секој фрлил се што немало кај да го депонира. Со ова, не само што се оптоварува општината и комуналната служба, туку се гази по жителите. Тие секојдневно живеат во смрдеа и отпад. Катастрофа – реагира Стојкоски.