Пуштено во употреба игралиштето во Керамидница

50

Жителите на Керамидница добија нов терен за спортување и рекреација.

Денес заедно со жителите од Керамидница и членовите на Советот на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски го пушти во употреба спортското игралиште кое го изградивме со најсовремена тартан подлога.

На игралиштето се поставени нови табли за кошеви и обрачи, како и две стативи за мал фудбал.

– Секое вложување во спортот повеќекратно се враќа. На овој начин ние не само што вложуваме во спортот, вложуваме и во здравјето и образованието на нашите деца. Овој спортски терен ќе им помогне на многу идни спортисти да ги развијат своите таленти и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт – објави Стефковски.