Онана ќе го глуми Кеси

78

Стандардниот првотимец во дресот на францускиот второлигаш Бордо, Жан Онана, е најновата желба на раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Милан. Челнците на седумкратниот европски клупски шампион се во потрага по фудбалер кој треба да биде замена за Франк Кеси и затоа ќе се обидат во следните неколку дена да го реализираат трансферот на Онана кој е проценет на околу 6 мил. евра.