Клајвер најблиску до Лондон

34

Холандскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Џастин Клајверт, најверојатно својата фудбалската кариера ќе ја продолжи во редовите на новајлијата во англиската Премиер лига, тимот на Фулам. Раководните лица на двата клуба веќе се седнати на преговарачката маса и моментално дискутираат околу тоа дали поранешниот фудбалер на Ница и Ајакс ќе биде продаден или позајмен до крајот на актуелната сезона.