Спасовски: Транспарентноста на МВР за 2022 година изнесува 91,7 проценти

37

Активната транспарентност на Министерството за внатрешни работи од просечни 59,5 проценти во 2016 година, денес во 2022 година изнесува високи 91,7 отсто, што е скок за 32,2 проценти, што заедно со мојот тим успеавме да го издејствуваме откако го преземав раководењето со МВР, напиша во објава на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Од почетокот на рангирањето во 2016 година до денес, тој вели дека институцијата поминала три нивоа, односно од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност.

– Продолжуваме со создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите – вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата, порача Спасовски.