По новите два случаи на појава на болста африканската свинска чума во одгледувалиште во виничкото село Кршла – Вичичко, стучните екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство се постојано на терен за да го спречат ширењето на заразата. Од појавата на првиот случат на болеста на 6 јануари годинава во селото Драмче – Делчевско досега се регистрирани 6 случаи во Источна Македонија.
Директорот на АХВ, Николче Бабовски апелира до одгледувачите на свињи да го пријават секое угинување на свињи и да не ги чуваат надвор од одгледувалиштата
– Со цел полесно да се справиме со можно ширење на болеста навремено треба да се пријави секое угимување на свиња. За секоја свиња која ќе биде уништена ќе следува економска надокнада. Онаму каде овие случаи нема да бидат пријавени не следува обесштетување од буцетот на АХВ, изјави Бабовски.
Тој појасни дека на она место каде ќе се регистрира и еден позитивен случај на африканска свинска чума се прогласува за жариште. Поради тоа во радиус од 3 километри се врши уништување на сите свињи со цел да се спречи ширење на вирусот.
-За ова заболување нема ниту вакцина, ниту лек и единствен начин да се справиме со болеста е уништување на животните во радиус од 3 километри и обесштетување на одгледувачите. Во втората зона во радиус од 10 километри од жариштето свињите не се уништуваат туку се убиваат и се носат во кланица каде по термичка преработка место може да се користи, појаснува Бабовски.
Директорот на АХВ апелира свињите да не се чуваат надвор од одгледувалиштата и да се применуваат биосигурносните мерки во фармите. Африканската свинска чума тој ја нарече најголема пандемија кај животните, а најголема опасност се малите одгледувалишта се по неколку свињи. Извор на вирусот, како што рече е дивата популација на свињи кој најверојатно ја пренеле болеста од соседните држави Србија и Бугарија каде болеста се појави многу порано отколку кај нас.
Проценките на надлежните од АХВ се дека во Виничко во радиус од три километри ќе се уништат од 300 до 400 свињи, бидејќи околу одгледувалиштето на кое се појавило африканска чума има и други поголеми фарми, а исто така и мештаните одгледуваат во домашни импровизирани одгледувалишта.
Големите фармери апелираат на поголеми контроли за домаќинствата кои одгледуваат свињи во импровизирани услови, бидејќи ова значи и пропаѓање на бизнисот и егзистенцијата на 11.000 домаќинства кои се занимаваат со производство на свинско месо.
Изминатите години потребите на пазарот за свежо свинско месо се задоволуваа исклучи од домашно производство. Македонските фармери од одгледување на свињи вртат oколу 180 милиони евра, но брзото ширење на вирусот значи сериозен удар и намалување на бројот на свињи, со што извесно е дека земјава повторно ќе мора да увезува свинско месо.
(А.С.)