Норвешката ракометна репрезентативка Нора Мерк во новата сезона ќе има нов клуб. Една од најдобрите светски ракометарки на десната бековска позиција замина во Данска каде ќе го носи дресот на Есбјерг.

Искусната Мерк кажа дека се презаситила во Норвешка и дека потребна ѝ била промена, затоа што се чувствува презаситено.

„Норвешката лига не е толку добра. Знаеш дека ќе ја освоиш, без разлика на работите. Потребна ми беше промена, не можев повеќе да останам и да играм во Норвешка“, изјави Мерк.

Мерк и Ејсберг потпишаа двегодишен договор. Ракометарката зад своето име има шест титули во Лигата на шампионите, што е импресивен податок. Последните две години Мерк ги мина во Виперс Кристијансанд, а претходно играше за ЦСМ Букурешт, Ѓер, Ларвик…