Две лица се уапсени под сомнение дека се вмешани во убиството на деветгодишно девојче, што се случи вчера во Бостон, Линколншир.
Девојчето било избодено попладне или навечер, а инспекторите сметаат дека се работи за изолиран инцидент и засега нема да го соопштат името на жртвата.
Полицијата не сакаше да открие ниту кој е уапсен и како се поврзани со убиената девојче.
Истрагата траела цела ноќ.