Џонсон му ја додели на Зеленски наградата „сер Винстон Черчил“

38

Британскиот премиер Борис Џонсон го спореди лидерството со Украина на Володимир Зеленски со воените потфати на Винстон Черчил, за што му додели и биста со ликот на легендарниот британски лидер.

Британскиот премиер денеска изјави дека верува дека Черчил „ќе навиваше и веројатно ќе плачеше“ кога украинскиот претседател од Киев инсистираше дека му треба „муниција, а не возење“, на почетокот на руската инвазија врз неговата земја, на 24 февруари.

Тој додаде дека може да го замисли духот на Сер Винстон како „шета со вас“ и „како со својот стап“ ги минува низ сите тешкотии.

Коментарите на Џонсон беа упатени за време на церемонијата во Даунинг стрит каде што на Зеленски, кој зборуваше преку видео врска, му ја врачи наградата „сер Винстон Черчил“ за лидерство.

За време на церемонијата беа присутни членови на семејството на Черчил и на Меѓународното друштво „Винстон Черчил“.

Зеленски преку видео врската кажа дека е „голема чест е да се добие оваа лидерска награда“ и додаде дека „Украина не остана сама по 24 февруари, ги имавме оние кои ни помогнаа, кои се сетија на нас во  најтемните времиња, што е чест, и кои не ни помислуваа да се откажат од борбата – зборувам за тебе, Борис“.

„Оваа награда е исто така ваша и ова е одраз на нашето заедничко водство на Украинците, Британците и сите оние кои не сакаат да им ја предадат својата слобода на тираните“.

Џонсон му кажа на Зеленски дека „во момент на голема криза, тој се соочил со тестот на лидерство што на свој начин бил исто толку тежок како предизвикот на Черчил во 1940 година“.

-Вашиот пркос, вашето достоинство, вашата непрекинато добра смисла за хумор допреа до милиони луѓе, и додека стоите против варварството, станавте симбол на херојството на украинскиот народ. И инспириран од вашето лидерство, знам не само дека Украина може да победи, туку дека Украина ќе победи, а кога ќе дојде тој ден, како што ќе дојде, Украина ќе се крене и ќе го заземе своето место како суверена и независна нација“, додаде Џонсон.

Бистата на „сер Винстон“ му беше врачена на украинскиот амбасадор во Обединетото Кралство, Вадим Пристаик