Сезоната на пченката започна. Варена, печена, како гарнир на оброците, пченката е секогаш добредојдена суперхрана. Но, не само кочанот, туку и свилата со која е обвиена има многу корисни придобивки за здравјето.
Ако веќе купивте кочани слатка пченка, најдобро би било да ги исчистите заедно со пченкарната свила, еве зошто.
Варената пченка е неверојатно здрава, но додека ја готвиме сите ја правиме истата грешка – ја отстрануваме пченкарната свила од кочаните.
Сепак, се препорачува пченкарната свила да се готви со пченка и да се јаде. Еве зошто треба да јадете свила со пченка:
– Спречува формирање на камења во бубрезите
– Дејствува како природен диуретик и го поттикнува отстранувањето на вишокот течности од телото
– Го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта
– Богата е со калиум, кој го поттикнува згрутчувањето на крвта
Доколку не можете да ја јадете пченкарната свила заедно со пченката, конзумирајте ја на следниот начин – одвојте ја од пченката и сварете ја во малку вода.
Процедете, а кога ќе се олади, испијте ја како чај.
Треба да знаете дека чајот од свила од пченка не се препорачува за трудници, бидејќи може да предизвика предвремени контракции.
Пченкарната свила се користи како лековито средство за многу долго време.
Позната е по тоа што навистина е голема помош кај некои болести, како и тоа што не остава никакви штетни последици.
Пченкарната свила, во форма на чај, е еден од најсилните природни диуретици. Со консумирање на овој чај, количината на излачена урина може да се зголеми неколку пати во рок од 24 часа, без никакви штетни последици.
Пченкарната свила има антиинфламаторно дејство и го штити и смирува уринарниот тракт и бубрезите.
Чајот од свила од пченка се користи како лек против инфекции на мочниот меур, катара на мочниот меур, воспаление на бубрезите, уринарниот тракт, воспаление на простатата.
Го поттикнува излачувањето на урината и бактериите од телото, поради што е од голема помош при воспаленија на мочниот меур и уринарни инфекции, како и кај камења во бубрезите.
Затоа, во народната медицина, чајот од пченкарна свила се користи за исфрлање на камења и песок од бубрезите и мочниот меур, против гихт, хроничен нефритис и слични болести, како и против ревматизам и ревматоиден артритис, најчесто во форма на чај или водено-алкохолни екстракти наменети за внатрешна употреба.
Поради изразеното диуретично дејство, чајот од пченкарна свила може да ви помогне и кога сакате да ослабете (се разбира, со соодветна исхрана и вежби), бидејќи со нејзината помош вашето тело брзо ќе ги исфрли сите штетни материи.
Затоа помага и при слабеење и предменструални проблеми.
Со водата ќе се излачуваат и други штетни материи, па затоа редовното консумирање на овој чај ја поддржува циркулацијата, ја штити крвта и ја олеснува работата на црниот дроб.