Претседателот на Узбекистан воведе вонредна состојба

268
Претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев воведе вонредна состојба од 3 јули до 2 август годинава во регионот на Каракалпакстан, каде што имаше немири, изјави денеска портпаролот на претседателот Шерзод Асадов.
„Со претседателски указ, во Република Каракалпакстан беше воведена вонредна состојба од 00:01 часот на 3 јули 2022 година до 00:00 часот на 2 август 2022 година, заради безбедноста на граѓаните, заштитата на нивните права и слободи и воспоставување ред и закон“, напиша тој на својот канал Телеграм, пренесува ТАС С.
Во Узбекистанската автономна република Каракалпакстан се одржа редок јавен протест поради планираната уставна реформа со која ќе се промени нејзиниот статус, соопштија претходно денеска узбекистанските власти, пренесува Ројтерс.
Каракалпакстан, кој се наоѓа во северозападен Узбекистан, е дом на Каракалпаците, посебна етничка малцинска група со свој јазик, а сегашниот устав на Узбекистан го опишува како суверена република во Узбекистан која има право да се отцепи со одржување референдум, според Британска агенција.
Новата верзија на уставот, на која Узбекистан планира да одржи референдум во наредните месеци, повеќе нема да го споменува суверенитетот на Каракалпакстан или неговото право на отцепување.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Узбекистан, група жители на Каракалпакстан „кои не ги разбираат уставните реформи“ прошетале низ главниот град Нукус и одржале митинг на централниот пазар на градот, пренесува Ројтерс.