Гастарбајтерите ќе ја вадат состојбата со хаосот на аеродромите во Германија?! Пред тргнување, спакувајте трпение во своите куфери

Долги редици, изгубен багаж, откажани летови, вака моментално изгледаат германските аеродроми, поради  хаосот што се создаде од недостигот на персонал. Владата сака да помогне со носење работници од странство, но тоа не оди така лесно.

958

„Хаосот со куферите“, за кој толку многу се зборува последните денови, е, можеби, најмалиот проблем за многу патници кои патуваат од и во Германија. На аеродромите, во моментов ги чекаат толку многу изненадувања, а во рачниот багаж, пред сè, треба да имаат едно  – време!

Долги редици, изгубен багаж, откажани летови, вака моментално изгледаат германските аеродроми, поради  хаосот што се создаде од недостигот на персонал. Владата сака да помогне со носење работници од странство, но тоа не оди така лесно.

„Хаосот со куферите“, за кој толку многу се зборува последните денови, е, можеби, најмалиот проблем за многу патници кои патуваат од и во Германија. На аеродромите, во моментов ги чекаат толку многу изненадувања, а во рачниот багаж, пред сè, треба да имаат едно  – време, пишува „Дојче веле“.

Проблемот е што во годините на пандемијата, компаниите драстично го намалија бројот на вработени или многу од нив најдоа други работни места. Според Германскиот економски институт (IW), на аеродромите во Германија недостигаат повеќе од 7.000  работници.

Покрај тоа, пандемијата не е ни блиску до крајот, a поради големиот број заразени со коронавирусот, „Луфтханза“ откажа 3.000 летови за време на шпицот на сезоната на годишни одмори. Авиокомпанијата „Изиџет“ откажа илјада летови само во Берлин.

Иако германската Влада не се смета себеси за одговорна за ова, сега сака да помогне на краток рок. Министерствата за транспорт, труд и за внатрешни работи формираа работна група, но предизвиците се големи. Еден од главните проблеми е неопходната безбедносна проверка. Сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер не сака да ги препушти проверката на рачниот багаж и патничката контрола на неквалификувани помошници од странство, што го потврди и нејзиниот портпарол Максимилијан Кал. Тој вели дека тоа не доаѓа предвид на безбедносните контроли, бидејќи бара обука и почитување на безбедносните стандарди, но можно е такви работници да се вработат само за поедноставни работи, како што е превозот на багаж.

Сезонски работник кој, на пример, бере аспарагус на нива, се разликува од работник што работи на толку чувствително место како што е аеродром. Вториот, без разлика каде е распореден, мора да биде апсолутно доверлив во однос на безбедноста и техничките услови и мора да биде темелно проверен. Според Министерството за внатрешни работи, за овие проверки се задолжени сојузните покраини и тие обично траат две недели.

Планот е да се донесат околу 2.000 работници од земји кои не се членки на ЕУ, главно од Турција. Таа земја е добар избор, бидејќи поради постојниот договор за асоцијација меѓу ЕУ и Турција, правните пречки не се толку големи како во случајот со некои други земји, пишува „Дојче веле“.

Но, и тоа не ја олеснува ситуацијата. Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл, бара работниците од странство да добиваат соодветни, дури и временски ограничени договори и да имаат пристојно сместување. Сè уште не е јасно колку брзо може да се разјаснат сите овие прашања и колку брзо воопшто може да дојдат новите „гастарбајтери“, како што ги нарекуваат некои. Зависи и од тоа колку трпение треба да спакуваат во своите куфери патниците што одат на одмор.