Македонската однојкарска репрезетација ја победи Унгарија со 3-2 во сетови (25-22, 18-25, 25-15, 19-25, 15-7) и така го освои третото место на Ф4-турнирот во Сребрената европска лига.

Спартанците“ одиграа натпревар кој беше доста мачен на психолошки план и траеше повеќе од два часа. Евидентен беше заморот од загубеното полуфинале против Финска, затоа што силно се посакуваше финале. Сепак, Македонија го победи домашниот тим кој беше со најслаб рејтинг од сите учесници на турнирот во Будимпешта и дојде до бронзениот медал.

Никола Ѓорѓиев повторно беше лидер на Македонија, овој пат реализира 27 поени, а го следеше Стојан Илиев кој на натпреварот имаше 17 поени. Кај Унгарците, Марсел Пешти постигна 21 поен.

За Македонија ова беше втор бронзен медал во Сребрената лига, по оној во 2014 година. Нашиот национален тим има седум учества по ред на завршницата, но ниту еднаш не успеа да дојде до силно посакуваното злато.