Две Фемен бараат оставка од францускиот министер Дамиан Абад пред градското собрание на Ојонакс

26

Две млади жени, со голи гради, кои тврдат дека се членки на Фемен, демонстрираа во пред градското собрание на Ојонакс (Ен) со удирање на тенџериња за да побараат „оставка“ од министерот за солидарност Дамиан Абад, обвинет за сексуално насилство.

Присуството на двете демонстрантки беше брзо и тоа не го наруши гласањето на министерот за солидарност Демиан Абад кој е обвинет за сексуално насилство, јави дописникот на МИА.

Нивното присуството пред градското собрание, кое исто така е и избирачко место за законодавните избори, било „многу брзо“, според полициски извор и гласањето на Дамиан Абад, во едно училиште во Ојонакс, не било нарушено.

Удирајќи по тенџерињата, двете млади жени скандираа „Абад оставка“ и „Абад, ако не ги извадиш твоите тенџериња, ќе се погрижиме за тоа“, како што е прикажано на видеото објавено на Твитер од феминистичкото движење Фемен.

-Се додека политичката класа ги игнорира „тенџерињата на опашките на нејзините кандидати“ (ние) ќе тропаме по нерѓосувачки челик, за да се крева врева против неказнивоста и да престанат лицемерието и негирањата! #FEMEN CUISINE #ABAD!, пишува движењето.

Министерот беше обвинет ден по неговото назначување во владата за сексуално насилство и меѓу двата круга на законодавните избори беше цел на нови обвинувања од жена која изјави за Медијапар дека претрпела обид за силување во 2010 година. Тој ги негира сите обвиненија кои се уште не доведоа до нова судска истрага.

Премиерката Елизабет Борн ги покани жените жртви на сексуално насилство да поднесат жалба за време на предизборното патување оваа недела. Дамиан Абад, поранешен член на Републиканците , кој се приклучи кон Макрон пред неговото назначување во владата, бара трет мандат како пратеник во 5-тата изборна единица Ен. Тој излезе од првиот круг со поволно гласање, со 33,38 отсто од гласовите, наспроти 23,54 отсто за кандидатката на Нупес, Флоренс Писани.