Ако Руанда сака војна со Конго, ќе ја добие – со овие зборови високиот воен функционер на Конго Силваин Екенге им се обрати на илјадници луѓе кои излегоа на улиците на Гома во знак на протест поради заземањето на конгоанскиот град од страна на бунтовничка група за која тврдат дека е поддржана од Руанда.
Војската на Конго доцна во понеделникот потврди дека градот Бунагана паднал во рацете на бунтовниците М23. Демонстрантите од градот Гоме, кој е во близина на границата со Руанда, денеска сакаа да маршираат до преминот, но полицијата ги спречи.
„Руанда не не сака. Ние не се плашиме од тоа и ќе се бориме. Ако сака војна, ќе добие војна. Никој нема да окупира ни педа од нашата територија“, им порача тој на демонстрантите во Гома.
Потоа Екенге ги повика демонстрантите да го изразат своето незадоволство на мирен начин.
Мировната мисија на Обединетите нации во Конго денеска соопшти дека не може да потврди дали силите на Руанда или Уганда му помогнале на бунтовничкото движење М23 да го заземе конгоанскиот град Бунагану претходно оваа недела.
Руанда и Уганда со години негираат дека ја поддржуваат М23. Многу борци од таа група се од конгоанската етничка група Тутси, на која припаѓа и претседателот на Руанда