Со фудбалски натпревар помеѓу учениците на ООУ „Св. Климент Охридски“ и ООУ „Ацо Шопов“ официјално е пуштено во употреба новото фудбалско игралиште во населеното место Расадник.
Како што информираат од Општина Бутел, целосно е реконструирано старото игралиште за фудбал, при што е поставена специјална подлога за мал фудбал, како и ново лед осветлување.
-Со ова целосно се заврши новиот рекреативен потег во населеното место Расадник со површина од над 3.000 квадратни метри и во рамките на кој има нов парк, нови пешачки патеки, ново зеленило, како и новото фудбалско игралиште – истакна Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел.