Навални преместен на непозната локација

30

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен од неговата затворска единица на непозната локација, соопшти денеска неговиот сојузник Леонид Волков.

– Не знаеме каде е сега Алексеј и во кое затворско одделение е одведен, објави Волков на Телеграм.

Алексеј Навални беше уапсен во јануари 2021 година, кога се врати од лекување во Германија, откако претходно беше отруен со нервен агенс, за што ја обвини Москва.

Руските власти соопштија дека тој ја прекршил тригодишната условна казна затоа што поминал шест месеци во странство.

Во март годинава, тој беше осуден на девет години затвор во посебен случај, во кој се наведува дека ги измамил своите приврзаници барајќи донации од нив за да се кандидира за претседател, иако знаел дека претходната пресуда го дисквалификувала да биде претседател.