Американски полицајци гледаат како се дави бездомник, никој не сака да му помогне/ВИДЕО

264
Фото: Printscreen/Tempe Police Department

Тројца полицајци од Аризона се привремено отстранети од должност откако на интернет беше објавено видео на кое се гледа како неподвижно гледаат како бездомник скока во езеро и се дави. На снимката се гледа како 34-годишниот Сон Бајкингс влегува во езерото и јасно и дава до знаење на полицијата дека ќе се удави.

Но, никој од полицајците кои се нашле на местото на настанот не интервенирал, а може да се слушне дека еден од нив рекол дека нема да скокне по него.

Бикингс набрзо паѓа во водата и се удави.

На немилиот настан била присутна и неговата девојка која вознемирено им викала на полицајците.

„Тој се дави пред вас, а вие нема да помогнете“, плачела несреќната девојка.

Кога видеото се појавило, тројцата неименувани полицајци биле испратени на „дисциплинско платено административно отсуство“, додека нивната реакција ја истражува Одделот за јавна безбедност на Аризона.